Македонскиот вицепрвак останува без девет ракометари кои ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување.

Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: унгарскиот репрезентативен голман Мартон Секељи, бековите Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ и Стипе Мандалиниќ, капитенот Јосип Периќ, но и ракометарите со голема минутажа во клубот, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.

РК Еурофарм Пелистер за новата ракометна сезона почна со обнова на составот и до денес шест нови ракометари го потврдија своето доаѓање во клубот, а со заминувањето на тренерот Жељко Бабиќ, наскоро се очекува и нов шеф на стручниот штаб



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.