Селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски вели дека е задоволен од изданието на ракометарките и покрај убедливиот пораз од Франција.

Селекторот Савевски е задоволен од изданието на ракометарките против силниот противник.

„Тежок меч за нас. Имавме многу проблеми во нападот каде 27 пати промашивме и имавме над десет грешки. Сепак, не сум разочаран бидејќи еден дел од мечот го одигравме во егал со Франција. Сакам да и честитам на Франција за одличната одбрана. Ќе повторам како и пред мечот мислам дека ова е најдобриот тим на Франција во историјата“, изјави Савевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.