Викторија Дивак, трикратна шампионка на Русија во ракомет, почина откако падна од осмиот кат во својата зграда.

Руските медиуми јавуваат дека телото на ракометарката (29) било пронајдено во близина на зградата во која живеела, а како последица од падот починала пред да пристигне брзата помош.

Се претпоставува дека  паднала од прозорец на станот каде што живеела. Таму бил пронајден нејзиниот мобилен телефон, како и чаша вино. Вратата од станот била заклучена одвнатре, а во самиот стан не биле пронајдени смртни белешки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.