Левиот бек Дмитро Горига (26) следната сезона ќе настапува за Вардар. Ракометниот репрезентативец на Украина игра во двата правца, и во напад и во одбрана.

– Треба да ја засили конкуренцијата во тимот, и да го подигне квалитетот на играта. Иако имаше понуди и од други клубови, реши да дојде во Вардар. Горига ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Сигурни сме дека ќе се вклопи брзо во нашиот систем на играње и ќе може во целост да го покаже својот квалитет. Секоја година одиме чекор понапред, и создаваме тим што во иднина ќе ги донесе посакуваните резултати на клубот, вели Борко Ристовски, извршниот директор на РК Вардар

Горига настапуваше за Украина на ЕП во 2022 година. Неколку сезони е веќе интернационалец со искуство играње во Полска и Франција. Играше и во квалификациите за ЕП 2024 година, но тогаш Украина не се пласираше на завршниот турнир.

Украинецот во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, и во Полска во тимот на Шчечин, а во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.