Со натпреварот во Суперкупот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија Алкалоид, вечерва официјално ќе биде отворена новата сезона во домашниот ракомет.

Ракометниот Суперкуп меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид е закажан со почеток во 19.00 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија.

Ова е седмо издание на македонскиот ракометен Суперкуп во кој, со четири титули, најуспешен е Вардар 1961, а Еурофарм Пелистер триумфираше два пати.
Во ланското издание, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во Струмица со 30-26. ег



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.