Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години настапот на Европското првенство го завршува на 16. позиција откако денеска го претрепе и шестиот пораз на континенталниот собир губејќи од Исланд со 34-25.

Доброто отварање на натпреварот и донесе на Македонија предност од 5-1, но „црвено-жолтите“ не успеаја да ја задржат предноста. Исланд од минута во минута ја топеше предноста за во 20. минута да стигне и до изендачување, а до крајот на првото полувреме да ја превзема предноста за 14-12.

Македонките успеаја да ги консолидираат редовите на отварањето на второто полувреме во кое добрата игра донесе ново изедначување, но исландските ракометарки со серија од 5-1 одолеаја на налетот, ја вратија предноста во свои раце и истата не ја испуштија до самиот крај.

Со шест голови Ива Младеновска беше лидер на Македонија, а неа ја следеше Михаела Кралева со четири голови. Со перфектни „шест од шест“ Арна Еириксдотир беше најрасположена кај Исланд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.