Од таборот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер во текот на денешниот ден ја потврдија разделбата со дури девет играчи од своите редови.

Тоа што се најавуваше во ракометните кулоари низ Битола, денеска доби и официјална потврда. Имено сите странски ракометари си заминуваат од редовите на Пелистер, а клубот ќе го напушти и репрезентативецот Никола Маркоски.

Освен Маркоски, од Битола си заминуваат и најголемите засилувања Стипе Мандалиниќ, Немања Обрадовиќ, Матео Мараш, Елмир Граџан, Јосип Божиќ Павлетиќ, Мартон Секељи, Рениер Табоада и Јосип Периќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.