На игралиштето кај женска плажа кое го носи името „Горан Попоски Бабец“, од денес до 20 август во Струга ќе се одржи 50. јубилеен Меѓународен ракометен турнир.

На турнирот ќе учествуваат осум екипи, три од странство. Екипите ќе бидат поделени во две групи:
Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК и словачки Татран Прешов.

Покрај Вардар, во групата Б се македонските прволигаши Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје.

Бранител на трофејот од ланскиот турнир е Вардар.

Првиот ден од турнирот ќе се играат натпреварите:
Струга – Еурофарм Пелистер (17 часот)
Вардар – Алкалоид (19 часот)
Бутел – Целје (21:30 часот)

Свеченото отворање е закажано за 20:40 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.