На почетокот на ноември оваа година, Македононија ќе биде коорганизатор на женското ракометно Европско првенство, заедно со Црна Гора и Словенија.

Еден ден по ждрепката и одредувањето на групите, Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги пушти во продажба билетите за првите две фази од овој собир.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во салата „Борис Трајковски“, а фановите трите натпревари на нашите девојки ќе може да ги следат за цена од 40, 65 или 80 евра, во зависност од категоријата која ќе ја одберат. Ова е цената на билетот за трите кола од првата групна фаза.

Покрај првата групна фаза, во Скопје ќе се одиграат и натпревари од главната фаза, а билетот за тие дуели ќе чини 75, 110 и 165 евра, исто така во зависност од категоријата. ЕХФ во продажба пушти и пакет-билети за двете групни фази, а истите чинат  115, 175 и 245 евра.

Шампионатот започнува на четврти ноември, а Македонија своите натпревари ги игра на петти против Франција на седми против Холандија и на деветти против Романија,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.