Унгарскиот претставник во европската Лига на шампиони, Веспрем вечерва во Битола лесно стигна до победа и го совлада Еурофарм Пелистер со 30:23 (17:12).

Македонскиот шампион даде отпор во првиот дел од натпреварот, во 23 минута стигна до негатива од само два голови (12:14), а потоа 7 минути пелистерци не постигнаа гол. Искусниот противник од минута во минута го зголемуваше водството и во најголем дел од натпреварот имаше предност од 7 голови, која ја задржа до крајот на средбата.

Најефикасен стрелец во дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем беше Циндриќ кој постигна 8 голови, додека во домашниот тим се истакна Кузмановски со 7 постигнати голови.

Со овој пораз битолчани остануваат со еден освоен бод во Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.