Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, за утрешниот натпревар од второто коло на Светското првенство нема да може да смета на услугите на десниот бек Томислав Јагуриновски поради повреда.
Јагуриновски предвреме го напушти теренот на средина од првото полувреме на дуелот против Норвешка и според информациите од македонскиот табор станува збор за повреда на скочниот зглоб.
На негово место дополнително е повикан ракометарот на шампионот Вардар 1961, Давид Савревски.
Македонската репрезентација го почна настапот на Светското првенство со пораз од Норвешка од 39-27, а во второто коло утре од 18:00 часот ќе игра против Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.