Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство до 20 години го заврши со пласман на 9. место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.
Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.