Ракометната федерација на Македонија одлучи со еден милион денари да ги награди репрезентативците кои го освоија 9. место на Европското првенство во Словенија.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ЕП 2024 го завршија со четири победи, две нерешени средби и еден пораз.
Само лошиот систем на натпреварувањето е причина младите македонски ракометари да не бидат уште повисоко во поредокот. Тие во првата групна фаза немаа ниту еден пораз, но и тоа не беше доволно да се пласираат во четвртфиналето.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката младинска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на Men’s 20 EHF EURO 2024 шампионатот во Словенија, стои во дел од соопштението на РФМ.
Со пласманот на деветтата позиција на евро-шампионатот, обезбедено е учество на Светското првенство 2025.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.