Македонија загуби на првиот натпревар на Светското првенство од селекцијата на Норвешка со 39-27.

Иако во одреден момент од првиот дел одигравме рамноправно, сепак една лоша серија го одреди текот на мечот. Се одлепија Норвежаните до крајот на првиот дел, 18-11, а вториот дел беше само формалност.

Еден од подобрите во репрезентацијата на Македонија беше Никола Митревски. Искусниот голман истакна дека Норвежаните ги искористија нашите грешки во еден дел од мечот.

-Имавме со нив извесно време егал, но потоа тие искористија три наши грешки фактички и на тој начин и сеодлепија. Потоа, уште еден таков бран. Технички грешки наши, брза нивна транзиција, а конечниот резултат е секако превисок. Имаме уште два натпревари пред нас ќе се фкусираме на нив. Како што кажав, ракометарите на Норвешка подвижни се, добро играат во одбрана и секој нас избрзан шут или техничка грешка ја користеа против нас на непоставена зона во брза транзиција. Примивме доста лесни голови“, вели Митревски.

Вториот натпревар на СП, Македонија го игра против Холандија на 15 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.