Познатиот дански ракометар, Микел Хансен, кој неколку пати беше прогласуван за најдобар играч кој некогаш стапнал на теренот, на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата, пренесува данската ТВ2.
Поради гореспоменатата одлука, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција на која Хансен ќе се осврне на неговата одлука да ја прекине кариерата по долги 15 години.
Хансен веќе наполни 36 години, а според најавата, на конференцијата ќе се разговара за „идната соработка меѓу Алборг и Хансен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.