Михајло Михајловски се повлече од функцијата претседател на меѓународната СЕХА лига. Михајловски беше на оваа функција безмалку 10 години, а неговото место ќе му припадне на Божидар Ѓурковиќ од Србија.

Двете главни оперативни места остануваат непроменети. Синиша Остојиќ од Хрватска останува директор и во следниот мандат, а Марјан Начевски комесар на лигата во следниот четиригодишен период. Зоран Стерјев, претседателот на Е. Пелистер доби место во Управниот одбор на лигата.

Михајловски ќе ја добие титулата – почесен претседател.

Руските и белоруските клубови веќе формираа натпреварување Дивизија Исток во кое ќе се натпреваруваат осум екипи од двете земји. Истото ќе биде и на Запад каде што ќе треба да продолжат ППД Загреб, Нексе, Вардар, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов, Веспрем, Војводина и Партизан. Двата шампионати ќе завршат со Ф4.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.