Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако попладнево го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5.
За избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ова е трета победа во петтиот квалификациски дуел со која се зацврстија на второто место на кое и ќе го завршат квалификацискиот циклус доколку Литванија вечерва загуби на гостувањето од фаворитот Шпанија.
Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во македонскиот табор во триумфот над Азербејџан.
Место на континенталниот собир ќе обезбедат и четирите најдобро третопласирани репрезентации во осумте групи што пласманот на Македонија на ЕП го прави сигурен уште пред завршното коло во кое избраничките на Грчевски в недела во Скопје ќе ја пречекаат Литванија.
Европското првенство ќе се одржи во декември во Австрија, Швајцарија и Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.