Македонската женска ракометна репрезентација попладнево загуби од Словачка со 27:29 на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија.

Во првото полувреме Македонките беа подобри и на пауза заминаа со водство од 17:15. Во средината на второто полувреме словачките ракометарки го преземаа водството за во неизвесен финиш да стигнат до победа.

Ове е втор пораз за Македонија на турнирот во Романија, откако вчера загубија од домашната селекција. Утре во третото коло „црвено-жолтите“ ќе се соочат со Швајцарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.