Зарем е можно: Леонида Гичевска не доби место ниту во „најдобрите 35“ на Кристијан Грчевски, пишува на Фејсбук страницата на Макспорт.

ЛЕОНИДА ГИЧЕВСКА во изминатите години е една од најдобрите и најконстантни ракометарки во репрезентацијата на Македонија.
Пред само година дена, Гичевска беше лидер во нападот на Македонија, постигнувајки 10 гола против Украина.
Што е сменето сега? Зарем Македонија има толку подобри ракометарки од Гичевска (резултатите тоа не го говорат, постојани високи порази на скоро сите натпревари со поквалитетни противници) па селекторот Грчевски одлучува Македонија без Гичевска да игра Европско првенство. И да имал таква одлука, зарем е коректно репрезентативка која постојано играла за „А“ тимот сега да не биде ниту на ПОШИРОК СПИСОК?
Гичевска во изминатите 3 сезони настапуваше во Француската Прва Лига, Лигата на шампионите, Романската лига, а сега со многу успех го носи дресот на руска Лада Тољати . Пред само две недели беше прогласена за играч на натпреварот откако постигна 6 гола од 7 обиди во руското првенство.
За да се откажете од играч со такво CV потребно е да имате алтернатива која ќе може достојно да ја замени.
Кога играч игра во одлична форма и во силното руско првенство, дава 4,5, 6 погодоци и го нема на поширок список, тогаш секако не е тактички потег туку нешто друго.
Не може да губиме и назадуваме а да се откажуваме од играчки кои секогаш даваат максимум и по квалитет го заслужуваат своето место!!
ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ МОРА СЕРИОЗНО ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА, А МОЖЕБИ ПОВТОРНО ЌЕ ТРЕБА ДА БАРАМЕ СООДВЕТЕН ЧОВЕК, пишуваат од МакСпорт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.