Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски доживеа голем пех на првиот пријателски натпревар против Грција во Солун и се повреди, па го чека подолга пауза.
Играчот на Еурофарм Пелистер има фрактура на прстот на десната рака и ќе мора да паузира. Според лекарските прогнози, Цветан Кузманоски го чека пауза од најмалку еден месец, што значи дека ќе пропушти седум натпревари.
Прогнозата е најмалку седум натпревари, а ако рехабилитацијата не оди според текот, може таа да скокне и до девет натпревари од Лигата на шампионите и од Суперлигата.
До крајот на полусезоната Еурофарм Пелистер го чекаат вкупно девет натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.