Македонската ракометна репрезентативка Ива Младеновска ќе го памети денешниот ден, откако доби шанса да дебитира во ракометната Лига на Шампионите во дресот на Брест.

Брест за противник го имаше Будуќност, меч на кој францускиот тим доминираше и славеше со 35-22, а Младеновска успеа да постигне два гола од два обида.

Втората Македонка во ЛШ, Сара Ристовска, постигна три гола во ремито на Рапид Букурешт на гостувањето против Кристијанштад од 30-30.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.