Турскиот ракометар Кемал Китахја и неговиот син Кинар беа пронајдени мртви под урнатините во градот Кахраманмарас, една недела по разорните земјотреси.
Бремената сопруга на починатиот турски ракометар се уште е под урнатините, јавуваат турските медиуми.
„Сакаме Господ да ги помилува Кемал Китахја и неговиот син Кинар Китахја. Нивните спомени секогаш ќе ги негуваме. Најдлабоко сочувство до нивните блиски и до целата ракометна јавност“, соопшти Ракометната федерација на Турција.
Кемал беше ракометар на Хатај Метрополитен и турски репрезентативец. Спасувачите долго време не можеле да стигнат до него, а за жал бил пронајден мртов.
Toj играше на неколку натпревари против Македонија и беше меѓу подобрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.