Поранешниот македонски репрезентативец Горан Ѓоргоноски во улога на координатор на проектот „Ракомет за секое дете“, учествуваше на втората конференција „Handball Talks“ и зема збор во сегментот на работа со млади категории.

Моето учество на конференцијата беше во делот на младите категории и децата кои треба во иднина да бидат носители на ракометот во регионот, како истите да ги внесеме во сала и да ги задржиме во неа. Модерните трендови на младите генерации, дигитализацијата, родителите како проблем или како решение, иселувањето како една од причините за намален квантитет на деца во салите, инфраструктурата и стручниот кадар. Одлична можност за размена на искуства, за нас како млад проект кој во иднина треба да има се позначајна улога во македонскиот младински ракомет. На конференцијата беа договорени неколку гостувања во средини кои, во моментов а и во иднина ќе бидат репер за тоа како треба да изгледа системот на работа со млади категории во ракометот, изјави Ѓоргоноски.

На настанот во Нашице, Хрватска, учество земаа поранешни олимписки и светски шампиони, поранешни најдобри светски играчи, спортски работници од врвни европски клубови и тренерски легенди.

Организатор на конференцијата беше порталот „Балкан Хендбал“ додека покровителот Ракометен клуб Нексе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.