Еден ден откако ги договори услугите на словенечкиот голман Урбан Лесјак, македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер од следната сезона ќе биде посилен и за репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни.

Од битолскиот тим соопштија дека со тунискиот десен бек е потпишан договор на две години.

Хосни (29) во Битола ќе дојде од францускиот шампионат, каде што досега го носеше дресот на Истр.

Со репрезентацијата на Тунис, Хосни настапи на три Светски првенства, a освои едно злато и две сребра на шампионатите на Африка, како и титулата клупски првак на Африка во дресот на Клуб Африкан.

Хосни за туниската репрезентација има 102 настапи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.