Откако обезбедија пласман меѓу 16. најдобри репрезентации со синоќешниот триумф над Узбекистан, за македонската женска кадетска репрезентација денеска е ден одмор на Светското првенство во Скопје пред решавачкиот натпревар против Иран за првото место во групата Б.
Македонските ракометарки во второто коло го совладаа Узбекистан со 39-30, а во вториот натпревар од групата до втората победа дојде и Иран со триумфот над Сенегал од 39-29.
Најефикасна во македонскиот состав беше Бојана Коцева со девет голови.
Натпреварот против Иран е на програмата утре со почеток во 20:30 часот во СЦ. „Борис Трајковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.