Ракометниот натпревар на кој ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина се сретна со Косово во Тузла покажа дека политиката е длабоко навлезена во спортот.
Во прашање беа квалификациите за ЕП.Гостите  беа пречекани од локалните навивачи со аплауз, додека најжестоките локални навивачи Фанатикос го истакнаа слоганот:

„Добредојдовте играчи на независно Косово“.

Босна и Херцеговина не го признава Косово за независна држава.

Инаку, Европската ракометна федерација ЕХФ го призна Косово уште во 2014 година и оттогаш играат меѓународни натпревари. Сепак, тие досега не се пласираа на некое големо натпреварување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.