Со натпреварот меѓу домаќинот Струга и тимот на Еурофарм Пелистер на 14 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, ќе почне 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2024“.

Церемонијата на свеченото отворање е закажана за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.

Според објавениот распоред, на вториот ракометен ден, во терминот од 18:30 часот, Струга ќе се соочи со грчки ПАОК, додека во 20 часот и 40 минути Тиквеш ќе игра со Екскилстуна Гуиф.

На 16 август во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок.

Последниот ракометен ден ќе почне во 10 часот и 30 минути со мечот за 5. место, додека натпреварот за 3. место е закажан за 18:30, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.