Алкалоид дојде до првиот трофеј од основањето. Совладан е Еурофарм Пелистер на пенали 25-23. По елиминацијата на Вардар Алкалоид приреди уште едно изненадување. Ова е прв трофеј и на Лазаров како тренер.

Алкалоид водеше во текот на целото прво полувреме иако на одмор се замина со гол предност за битолчани. Во вториот дел Пелистер целосно ја презеде играта и Алкалоид успеа да се врати резултатски на средината од полувремето. Во последните пет минути се играше гол за гол. Мартин Серафимов донесе предност 22-21 но во последните секунди Еурофарм изедначи за пенали.

За МВП на турнирот прогласен е Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер. Македонскиот репрезентативец беше главен разигрувач и голгетер во нападот и на двата меча. Најдобар стрелец на турнирот е Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер кој заврши со 12 гола.

За најдобар голман, заслужено е прогласен Иван Галевски, кој фати два пенали со Еурофарм Пелистер, а исто така беше и херој во минималната победа над Вардар 1961 во полуфиналниот меч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.