Наградниот фонд на Австралија опен е зголемен за 13% и ќе изнесува 59,1 милиони американски долари, соопштија денеска организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 14 јануари во Мелбурн.

Во 2023 година, Австралија oпен имаше најмал награден фонд од сите четири Грен слем турнири од 76,5 милиони австралиски долари или 52,3 милиони американски долари.

Во јануари 2023 година победници беа Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.