Есенскиот дел на натпревари од сезона 2022/23 во женската сениорска лига заврши овој викенд по одигрување и на последните натпревари.

Екипата на ППК Зегин Берово е на првото место на табелата по завршувањето на натпреварите со освоени 7 поени односно 4 победи и 1 изгубен меч. Сo 7 поени на второто и третото место се ППК Крива Паланка и ППК Шампион Фа, а меѓу нив единствена разлика е количникот на добиени и изгубени сетови.

Овој викенд во Струмица исто така се играа и неколку мечеви од јуниорската лига и се постигнаа следните резултати:
Јуниорска лига жени
Кавадарци – Рисови 0:3
Рисови – Младост 96 3:2
Јуниорска лига мажи регион 2:
Берово – Астраион 1:3
Кавадарци – Астраион 0:3
Младост 96 – Берово 1:3
Астраион – Младост 1:3
Берово – Кавадарци 3:0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.