Поранешниот светски рекет број два, туниската тенисерка Онс Џабер објави дека ќе го пропушти ВТА 1000 турнирот во Синсинати поради влошување на повредата.

Во првото коло на турнирот, Џабер требаше да се сретне со Русинката Анастасија Пављученкова.

-Сите мои напори да се опоравам по Торонто не помогнаа, мојата моментална состојба не ми дозволува да се претставам на потребното ниво. Правам се што можам за да закрепнам за претстојниот УС Опен, напиша Џабер на социјалните мрежи.

Турнирот во Синсинати ќе се одржи од 13 до 19 август. Минатата година трофејот го освои Американката Кори Гауф



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.