Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет.
Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот.
Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена.
На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.