Македонската и репрезентацијата на Луксембург несвесно го одбележаа отворањето на Олимписките игри во Париз.  На свечената парада на спортистите на свеченото отворање на Олимписките игри при претставувањето овие две репрезентации се свртеле на погрешна страна, па камерите ги снимиле од грб, наместо во лице, додека ги веат националните знамиња и ги поздравуваат присутните.

Од мостот Остерлиц до Трокадеро, 6.800 спортисти и 205 делегации, на 85 чамци, се спуштија по реката за време на парадата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.