Италијанскиот мотоциклист Лука Салвадори им подлегна на повредите здобиени во несреќа за време на улична трка, соопшти неговиот тим.
„Со бескрајна тага ја објавуваме загубата на нашиот Лук Салвадори. По несреќата на патеката Фрохбург, поради повеќекратните повреди со кои се здоби, не можеше да се бори и не’ напушти. Нашето најдлабоко сочувство го изразуваме до членовите на неговото семејство“, пишува во соопштението од тимот на Лука Салвадори.
Салвадори почна со улични трки по престојот во МотоЕ шампионатот. Тој беше натпреварувач и во италијанскиот супербајк шампионат, а остана познат и на социјалните мрежи, бидејќи на „Инстаграм“ имаше 415.000 следбеници, додека на својот канал на Јутјуб има 583.000 претплатници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.