Виз Ер Скопски маратон оваа година го одбележува своето 20-то јубилејно издание – настан кој го поставува Скопје на картата на светските маратонски градови. Од својот почеток до денес, Виз Ер Скопски маратон прерасна во најзначајниот спортски настан, собирајќи илјадници тркачи од Македонија, но и од други држави ширум светот, кои заедно ја слават енергијата, духот и посветеноста кон спортот.
Пријавувањето за овогодинешното издание е веќе во тек, а доколку се регистрирате и платите котизација до 29.08.2024, имате можност да добиете бесплатна маица како дел од пријавата. Оваа година, маратонската трка се очекува да биде поголема и подобра од било кога претходно, со посебна програма, мотивирачка музичка плеј листа и активности за сите учесници и поддржувачи, најавува организаторот.
Пријавувањето завршува на 20.09.2024, но организаторите може да ги затворат пријавите порано, во случај да се пополни предвидениот број на учесници.
Годинава се очекува бројот на учесници да биде рекорден, бидејќи досега се пријавени над 6.500 тркачи од повеќе од 50 земји. Спортисти од различни краеви на светот доаѓаат во Скопје за да ја искусат оваа незаборавна тркачка авантура и да ја почувствуваат гостопримливата атмосфера во градот.
Покрај традиционалната маратонска трка, Виз Ер Скопски маратон нуди и полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.