Тетовските планинари Владимир Трпковски и Силвана Божиновска од клубот „Јелак“ се искачија на Дуфуршпиц, највисокиот врв на Алпите во Швајцарија, на надморска височина од 4.634 метри.
Со оглед на ниските температури и снег на Алпите, потфатот почнал со искачувањето на врвот Брајтхорн на 4.162 метри надморска височина поради потребата од аклиматизација.
-Главното искачување до Дуфуршпиц почнува од планинарскиот дом Монте Роса на 2.883 метри, каде се стигнува по пет часа пешачење. Од домот до врвот Дуфуршпиц има 9,5 километри, висинска разлика од 1.751 метар, со кратка делница каде се спуштавме и пак се искачивме. Нас ни беа потребни 14 часови односно искачување и спуштање од домот, до врвот и пак до домот, информираше планинарот Владимир Трпковски.
На искачувањето до врвот се соочиле со многу пукнатини во глечерот, како и потребата за користење цепин-алатка за алпинистичко искачување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.