Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на уникатниот, трет по ред спортски спектакл кој нуди сè што е потребно за комплетно петдневно уживање.

Во Градскиот парк Велес ќе се одржат спортски игри, кои, како што најавува организаторот ќе понудат уникатно и незаборавно прославување на пет различни спортови во исто време и на исто место.

Одбојка на песок, мал фудбал, тенис, 3х3 баскет како и еспорт се спортовите во кои учесниците ќе имаат можност да ги прикажат своите квалитети и воедно да освојат голем број награди од овогодинешниот награден фонд.

На третиот меѓународен натпревар оваа година се најавени дури 500 професионални спортисти од Шпанија, Полска, Италија, Србија,Чешка, Украина, Бугарија и Албанија.

Покрај натпреварите кои ќе се одвиваат, организаторите ветуваат и одлична забава за сите останати учесници и посетители. Ќе има храна, музичка забава, детски катчиња, фитнес предизвици и голем број други изненадувања се дел од совршената комбинација за одмор и авантура.

Сите спортски наптревари се бесплатни за гледачите, а oрганизацијата Спортски игри Велес со целосна логистичка поддршка од Општина Велес, Агенција за млади и спорт, Државна видеолотарија на Македонија и голем број нивни помагатели, го слават спортскиот дух во срцето на градот и поставуваат нови стандарди кај публиката.

Организаторите ветуваат денови исполнети со одличен спорт и забава.

Целта на овој настан е симбиоза на локалното со меѓународното, пријателство и културна размена преку спортот. Нашата мисија сите овие години е да ги поврземе луѓето преку спортот како нивна заедничка страст , велат од Спортски огри Велес.

„Секоја година игрите имаат визија да ги надминат своите граници и да се претворат во глобално движење низ спортски европски центри. Секогаш би сакале да останеме симбол за оние позитивни вредности и димензии кои ги промовираме преку настанот, а тоа се: почит, одговорност, тимска работа, здравје, размена и пријателство, додаваат организаторите.

Со сигурност и оваа година Велес ќе биде сведок на нови спортски постигнувања, а сплетот на забава, култура и пријателство се само едни од причините да им се придружите!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.