В недела, на 12 мај во Скопје ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10 км“ на која ќе учествуваат 1.653 натпреварувачи од 16 земји. Стартот на трката ќе биде во 9 часот на булевар „Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ , Ул. Никола Парапунов и по дел од булевар „Партизански одреди“.
Во периодот од 09:00 часот до 11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на целата патека.
Церемонијата на доделување награди ќе започне по завршување на трката. На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.
Стартните броеви ќе може да се подигнат од СЦ Јане Сандански на 10 -11 мај од 11-18 часот.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.
Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.