Суперталентираната тенисерка од Русија, Мира Андрејева (16) ја приреди најголемата сензација на Австралија опен досега, која во второто коло убедливо ја победи актуелната 6. тенисерка во светот Онс Жабур.

Симпатичната Мира победи по 54 минути игра со резултат 6:0, 6:2.

Познатата тенисерка од Тунис, која важеше за еден од главните фаворити за титулата, беше целосно немоќна против талентираната тинејџерка, која за прв пат во кариерата стигна до триумф против тенисерка од Топ 10 и најави голема скок на ВТА листата.

“Не е точно дека не бев нервозна пред натпреварот, бев. Онс е голема инспирација за мене, често ги гледав нејзините натпревари. Ова беше мојот втор натпревар на голем стадион, само сакав да уживам, што и го направив“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.