Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ во соработка со Триатлон федерацијата на Македонија на 14 мај во Скопје ќе го организира третиот триатлон натпревар „Stopanska Triogy Triathlon“.
Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание. Оваа година очекуваме преку 250 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија, Koсово и од Црна Гора, соопштија организаторите на трката.
Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот Триоги Рејсинг верува дека ова натпреварување ќе стане традиционално.
Подготвени сме со техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија и сопствена судиска екипа да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен. Се радуваме што интересот почна да расте, после ланската многу успешна година кога имаме меѓународен карактер, истакна Ѓорѓијевски.
Пријавувањето за „Stopanska Triogy Triatlon“ е до 7 мај, на следниот линк.
Оваа година натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.