Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах реагираше по навредите кои пристигнаа кон контроверзна боксерка, Имане Хелиф од Алжир.
Бах посочи дека мора да се намали говорот на омраза кон боксерката Хелиф, откако беше обвинета и осудена во јавноста.
Имаме две боксерки кои се родени како жени, пораснале како жени и на кои во пасошот им пишува дека се жени. Некои сакаат да ја променат сликата на тоа. Говорот на омраза кон Хелиф е неприфатлив, кажа Бах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.