Американскиот бодибилдер Антон Ратушњи (19) испиша историја со тоа што стана најмладиот натпреварувач во професионалниот бодибилдинг, соборувајќи го рекордот на легендарниот Арнолд Шварценегер.
Антон последниве денови го привлече вниманието на спортските медиуми ширум светот. Тинејџерот од Тексас го собори рекордот стар 57 години победувајќи на натпреварот „Класик физик про“ (Classic Physique Pro), со што ја доби титулата најмлад професионалец во историјата.
Пред него рекордот го држеше Арнолд Шварценегер, легендарниот бодибилдер, актер и политичар.
Сепак, најимпресивно за медиумите е неговата физичка трансформација за само неколку години. За четири години Ратушњи направи трансформација од просечно граден тинејџер во мускулесто тело на кое може да му позавиди целиот свет.
Со толку многу неволји во текот на минатата година, не можам доволно да нагласам колку е важно да веруваш во себе, без разлика што мислат другите за тебе. Многу ми е драго што избрав да се насочам кон мојата вистинска страст и не дозволив негативноста да допре до мене. Презедов ризик и со бодибилдингот пораснав како личност достојна да ги инспирира новите генерации“, вели Ратушњи.
Тој се појави на сцената дури на почетокот на оваа година, а за само неколку месеци стана топ тема во медиумите за бодибилдинг. Ратушњи редовно објавува фотографии и инспирира многу млади бодибилдери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.