Српскиот ултрамаратонец Јовица Спајиќ победи на најтешката трка во светот – ултрамаратонот долг 483 километри.

Ултрамаратонската трка „Јукон Арктик Ултра“, долга 483 километри, се смета за најтешкиот ултрамаратон на светот бидејќи температурите во Јукон достигнуваат и -50 степени.

Спајиќ има црн појас во јапонско џиу-џицу и џудо, е Гинисов рекордер за правење 30.000 стомачни во рок од 24 часа и е припадник на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ).

Од 2012 година е репрезентативец на Србија во ултрамаратон и оттогаш бележи успеси низ светот, но дефинитивно ова е круна на неговата кариера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.