Американскиот рапер, актер и музички продуцент Снуп Дог ќе биде меѓу носителите на олимпискиот факел в петок на последниот ден од „патувањето“ на штафетата пред вечерното отворање на Олимписките игри во Париз.
Нему ќе му се придружат француската актерка Летиција Каста, францускиот рапер МЦ Солаар, како и легендарниот украински атлетичар во скок со стап Сергеј Бубка.
Снуп Дог ќе биде меѓу последните носители на олимпискиот факел, носејќи го низ улиците на Сен Дени, северно предградие на Париз каде се лоцирани Олимпискиот стадион и Центарот за водни спортови.
Олимпискиот факел два месеци патуваше низ Франција, а в петок наутро ќе помине и низ Олимпиското село кое се наоѓа меѓу Сен Дени и соседниот Сен Оуен.
„Пораснав гледајќи ги Олимписките игри и многу сум возбуден што гледам како овие неверојатни спортисти даваат сè од себе во Париз“, изјави раперот во изјава за NBC. Неговите социјални мрежи покажуваат дека тој е особено голем љубител на кошарката и американскиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.