Кора Шумахер (46), поранешната сопруга на познатиот Формула 1 возач Ралф Шумахер, откри дека нема никаков контакт со синот Дејвид.
Кора привлече големо внимание во јавноста пред неколку месеци, откако отвори профил на популарниот сајт за возрасни „OnlyFans“. Почнала да ги продава своите интимни фотографии и за кратко време заработила огромна сума на пари.
Сепак, нејзиниот шокантен потег очигледно не му се допадна на нејзиниот 22-годишен син Давид Шумахер, кој повеќе не сака да слуша за неговата мајка.
“Дејвид и јас не разговараме во моментов. Тој повторно ме блокираше насекаде. Ова е многу болно за мене. Тоа е мое дете и мислам дека секоја жена која е во таква ситуација може да ме разбере”.
„
По разводот со братот на Михаел Шумахер, нејзиниот однос со синот е многу тежок. Со текот на времето, Дејвид се оддалечи од својата мајка, а нејзината одлука да отвори сметка на „OnlyFans“ само ја влоши ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.