Словенецот Анже Ланишек е победник на денешните ски-скокови во рамките на новогодишната турнеја Четири скокалници. Тој со скокови од 136 и 137 метри и вкупно 295,8 бодови го освои првото место.

Нему на подиумот му се придружија Рјоју Кобајаши и тур-лидерот Андреас Велингер.

– Конечно релаксиран скок каков што сакав. Многу ми се допаѓа оваа скокалница, овде се чувствувам добро. Не размислувам за вкупниот пласман на новогодишната турнеја, си ги отежнав работите во Оберсдорф на првиот натпревар, па сега одам чекор по чекор. Повеќе ме интересираат индивидуалните резултати, изјави Ланишек за Еуроспорт веднаш по денешната победа.

Ланишек од третото место по првата серија стигна до победата, откако Кобајаши кој водеше и Велингер кој беше втор не изведоа доволно добри скокови во втората серија.

Турнејата од Германија се сели во Австрија каде на 3 јануари ќе се одржат натпреварите во Инсбрук, додека на 6 јануари ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Бишофсхофен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.