Голем скандал го тресе „белиот спорт“ откако светскиот рекет број еден, италијанскиот тенисер Јаник Синер, годинава двапати бил позитивен на допинг тест за време на турнирот во Индијан Велс.

Иако двапати беше позитивен на нелегалната супстанца клостебол, на крајот беше ослободен од обвиненијата со образложение дека е откриено дека „случајно“ го проголтал забранетиот стероид.

Аферата која пет месеци се држеше во строга тајност и крајно бизарното оправдување предизвикаа невиден метеж на социјалните мрежи. Многу тенисери сметаат дека Италијанецот има заштита и бараат правда!

Најстрог беше Австралиецот Ник Киргиос, кој смета дека Синер заслужил строга казна.

“Безмислено. Без разлика дали е случајно или намерно. Ако два пати сте позитивни на забранета супстанца (стероид), мора да бидете суспендирани две години. Вашите перформанси се подобрени. Крем за масажа, да, убаво”, напиша Киргиос.

Канаѓанецот Денис Шаповалов зборуваше за двојните аршини.

Различни правила за различни играчи… Не можам да замислам како сега се чувствува секој тенисер кој беше суспендиран поради недозволена супстанција“, смета Шаповалов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.