Италијанската боксерка Анџела Карини среде борба му го предаде мечот на Иман Хели од Алжир во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Или и го предаде како сакате.

Иман Келф беше дисквалификувана од Светското првенство во Њу Делхи минатата година, бидејќи не го положила тестот за подобност. Утврдено е дека таа е родена како машко и дека не и било дозволено да се натпреварува со жени.

Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), организатор на Светското првенство, тогаш изјави дека Имане „се преправала дека е жена“. Врз основа на тестовите откриле дека тој има XY хромозоми (жените обично имаат XX пар хромозоми, а мажите XY), пишува „Тајмс“.

Сепак, таа доби зелено светло да се натпреварува на Олимпијадата во Париз во категоријата до 66 килограми, што ги налути останатите натпреварувачи.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.