Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и вториот светски рекет Рафаел Надал ќе ја отворат новата сезона со настап на Јунајтед купот во Австралија, соопштија организаторите.
Турнирот ќе ги замени поранешните натпреварувања Хопман куп и АТП куп и ќе се игра во Бризбејн, Перт и Сиднеј.
На турнирот ќе учествуваат 18 репрезентации со по четири машки и женски претставници.
Турнирот ќе стартува на 29 декември и ќе се игра до 8 јануари.
Меѓу учесниците на дебитантскиот Јунајтед куп ќе бидат и Ник Кирјос, Каспер Руд, Александер Зверев и Каролин Гарсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.