Полската тенисерка Ига Швјонтек третпат во кариерата го освои турнирот во Доха. Во саботата тенисерката од Варшава беше подобра од претставничката на Казахстан – Јелена Рибакина во два сета.
Во сетови беше 7:6 (8), 6:2 за 22-годишната тенисерка, а дуелот траеше два часа и 17 минути.
Никој досега не освоил три последователни титули во Катар. Ова е прва ВТА 1.000 титула за Ига во сезоната, вкупно 18-та во нејзината кариера, кога се бројат титулите на ВТА од сите категории.
– Немате поим колку беше тешко да не размислувате за тоа, рече Швјонтек по финалето.
Во претходните две финалиња Ига ги победи Анет Контаивет и Џесика Пегула.
ВТА турнирот во Доха се игра од 2001 година, кога премиерното издание во сингл го освои легендарната Мартина Хингис. Од оваа сезона турнирот припаѓа на серијата ВТА 1000, се играше на отворено, а подлогата е тврда.
Наградниот фонд изнесуваше 3,2 милиони долари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.